Руските спортисти за освоените медали на Игрите во Токио наградени со пари, ордени и автомобили БМВ

Руските спортисти кои освоија медали на Олимписките игри во Токио добија специјални подароци./ фото: EPA-EFE/PATRICK B. KRAEMER

Вкупно 129 автомобили од марката БМВ им се доделени на руските спортисти кои освоија медали на Игрите, објави Александер Катушев, претседател на Фондот за поддршка за олимпизмот.

Освојувачите на златни медали добија на подарок БМВ Х5, освојувачите на сребрени медали добија БМВ Х3 со различни конфигурации, додека спортистите кои освоија бронзени медали во Токио добија БМВ Х3 со едностанви конфигурации.
– За 129 освојувачи на медали, обезбедивме 129 автомобили – рече Катушев за руските медиуми.

Покрај автомобилите, освојувачите на медали добија и парични награди, а на приемот во Кремљ беа одликувани со Орденот Александр Невски, Орден на Честа, Орден на пријателствот и Орден на татковинска чест од втор степен.

Видео на денот