Руските фабрики останаа без боја: „Лада Гранта“ е достапна само во бела варијанта!

Лада Гранта / Фото EPA/MAXIM SHIPENKOV

Најголемиот руски производител на автомобили „АвтоВАЗ“ најави дека ќе продолжат проблемите со испораката на автомобили во одредени бои, а најновиот модел кој е во неволја е Лада Гранта.

Имено, компанијата АвтоаВАЗ претходно нагласи дека моделите на овој автомобил кои беа завршени на почетокот на 2023 година ќе бидат достапни само во црна или бела боја. Сепак, оттогаш ситуацијата се влоши.

„Компанијата објави дека најпопуларната Лада Гранта во Русија сега е достапна само во бела боја. АвтоВАЗ соопшти дека не може да предвиди кога моделите на овој автомобил повторно ќе бидат достапни во други бои“, пишува рускиот Карсвик.

Тешкотиите со автомобилските бои настанаа како резултат на меѓународните санкции против Русија, бидејќи повеќето од овие производи всушност беа увезени. Оттогаш, компаниите од руската автомобилска индустрија се принудени да се префрлат на бои од домашно производство, но поради тешкотиите во производствениот капацитет, овој проект се уште не е целосно реализиран, објави Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот