Рускиот БДП ќе падне 15 отсто: Ако продолжи војната ќе има длабока рецесија
Руската економија ќе падне за околу 15% во 2022 година под влијание на острите санкции воведени поради нејзиниот напад врз Украина.
Препорачано
Институтот за меѓународни финансии (IIF) ја намали прогнозата за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во однос на претходната проценка за раст од 3 отсто, пренесува Ројтерс.
„Понатамошната ескалација на војната може да доведе до голем бојкот на руската енергија, што драстично ќе ја поткопа способноста на Русија да плаќа за увоз на стоки и услуги, продлабочувајќи ја рецесијата“, се вели во анализата на IIF потпишана од група нејзини економисти.
Економскиот пад се проценува дека е двојно поостар од руската рецесија за време на глобалната финансиска криза во 2008 година.
Истовремено, Институтот не очекува дека проблемите со кои се соочува руската економија ќе се прелеат на пазарите во развој.
Штетните последици главно ќе ја погодат Источна Европа преку трговијата и увозниците на стоки преку поскапувањето на нафтата и пченицата, а во анализата се истакнуваат Турција и Египет како најизложени на овие ризици – нафтата и пченицата.


