Руски шегобијци лажно се претставувале како Зеленски и разговарале со Макрон (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Двајца Руси лажно се претставиле како новоизбраниот украински претседател Володимир Зеленски, а потоа телефонски разговарале дури и со со францускиот претседател Емануел Макрон, по неделните избори во Украина.

Руските шегобијци, познати како Вован и Лексус го побарале Макрон, а еден од нив се претставил како новиот украински претседател Зеленски.

На аудио снимка од 15-минутен  разговор поставен денеска на Јутјуб се слуша како наводно Макрон му ја честита победата на Зеленски и му посакува да ужива во победата на претседателските избори во кругот на најблиските и семејството.

– Многу Ви благодарам за поддршката, со 73 отсто се чувствувам како Владимир Путин, тој има исти такви резултати – се пошегувал лажниот Зеленски.

Глас сличен на Макрон возвратил на шега дека постои барем една разлика со Русија, „се уште сите свои противници не сте ги испратиле в затвор“, одговорил францускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот