Руски новинари нападнати од американската полиција на протестите во Портланд

Ова не е првапат руски новинари да настрадаат за време на протестите во САД, јави агенцијата.

Американската полиција нападнала руски новинари кои известувале од протестите во Портланд, во сојузната држава Орегон, јави дописникот на МИА од Вашингтон, повикувајќи се на руските медиуми.

Новинарите снимале репортажа за безредијата во кои протестантите го обиколиле локалниот суд. Околу зградата имало федерални сили за безбедност дојдени во градот наспроти вољата на властите во Орегон.

Настрадани се камерман на рускиот Прв канал, кој наводно го снимал обидот на протестантите да го запалат влезот во зградата на судот. Тој бил удрен по рака, му била одземена камерата што потоа полицаецот наводно ја искршил од асфалтот.

Новинарката го снимала инцидентот со мобилен телефон, полицаец наводно дошол отпозади и го одзел телефонот, ја фатил за глава и и го симнал шлемот. Таа побарала помош од медицински волонтери откако се вдишала солзавец.

Ова не е првапат руски новинари да настрадаат за време на протестите во САД, јави агенцијата.

На 31 мај во Минеаполис, новинар на РИА Новости се пожали дека бил нападнат со пепер  спреј откако покажал новинарска легитимација.
Слично поминале и американски новинари од ТВ каналот VICE кои биле во близина. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот