Русите во офанзива во Мариупол: Зазедовме неколку градови и соборивме авиони

Мариупол / Фото Ivan Rodionov / Sputnik / Profimedia

Руските сили спроведуваат широка офанзива во Украина и зазедоа неколку градови и села, соопшти руското Министерство за одбрана, додавајќи дека офанзивата на Мариупол продолжува.

Министерството за одбрана, според агенцијата Интерфакс, соопшти дека четири украински борбени авиони Су-27 биле соборени во воздушни борби кај Житомир, на околу 100 километри западно од Киев, пренесува Хина.

Новинската агенција ТАСС објави дека од почетокот на конфликтот со Украина на 24 февруари, руските сили уништиле 69 авиони на земја и 21 во воздух.

Руската војска ја продолжи офанзивата на два града по одложувањето на евакуацијата на цивилите, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

– Поради неподготвеноста на украинската страна да влијае на националистите или да го продолжи прекинот на огнот, офанзивните операции продолжија од 18 часот по московско време, рече тој во видео порака.

Русија претходно најави прекин на огнот и отворање на хуманитарни коридори за евакуација на цивили од Мариупол и од соседниот град Волноваха.

„Ниту еден цивил не може да го напушти Мариупол или Волноваха преку најавените безбедни премини. Населението во тие градови го држат националистичките формации како жив штит”, тврди руското Министерство. Исто така, се вели дека „националистичките трупи” го искористиле прекинот на огнот за „прегрупирање и зајакнување на позициите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот