Дедо Мраз во Рованиеми, Финска / Фото: Sergi Reboredo / Alamy / Alamy / Profimedia

Русите сè уште веруваат во Дедо Мраз: Анкета открива дека речиси третина од нив го доживува како вистинска личност

Според анкета на финансискиот пазар „Сравни“, скоро третина од испитаниците од Русија доживуваат Дедо Мраз како реална личност. Во истражувањето учествувале 1.500 лица над 18 години од сите региони на Руската Федерација, пишува „Тањуг.рс“.

Анкетата открива дека, ако испитаниците сега би имале можност да напишат писмо до Дедо Мраз, материјалните желби би паднале во втор план. 12 отсто од испитаниците би побарале материјални добра, како куќа или патување, 35 отсто би посакале лична, нематеријална среќа или мир, а 53 отсто од Русите би го посветиле писмото на јавни добра, сонувајќи за мир и правда.

„Што се однесува до самиот лик на новогодишниот волшебник, многумина го одржуваат верувањето во чуда дури и во возрасна доба. Според податоците од анкета, 30 отсто од испитаниците сè уште го доживуваат Дедо Мраз како реален лик и како дел од новогодишните чуда“, се наведува во текстот пренесен од агенцијата „ТАСС“.

Според резултатите, повеќе од третина (34 отсто) од испитаниците рекле дека верувале (или сè уште веруваат) во Дедо Мраз дури по десеттата година, додека 30 отсто ја изгубиле верата пред да наполнат пет години, 16 отсто помеѓу петтата и седмата година, а 20 отсто помеѓу осмата и десеттата година.

Повеќето испитаници (60 отсто) како деца сфатиле дека ликот од бајката не постои. Додатни 24 отсто случајно ги откриле скриените подароци, 12 отсто дознале од пријатели или познаници, а во 4 отсто од случаите, родителите директно им кажале на децата дека Дедо Мраз е измислен лик.

Кога биле прашани за воспитувањето на своите деца, 63 отсто рекле дека вистината треба да се открие спонтано, 30 отсто сметаат дека верувањето треба да се одржи што подолго за да се негува детската имагинација, а 7 отсто сметаат дека е подобро веднаш да се каже вистината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот