Русите се најпријатно изненадување на Игрите во Токио

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Според анализата на „Фајненшл тајмс“, Русија е дежавата државата која најпријатно изненади со бројот на освоени медали на штотуку завршените игри во Токио.
Магазинот пред почетокот на Олимписките игри направи анализа со која предвиде која држава колку потенцијално медали ќе освои.

Според нивната прогноза пред Игрите, најпријатно изненадување е Русија односно Рускиот олимписки комитет.„Фајненшл тајмс“ предвиде дека Русија ќе освои 51 медал, но Рускиот олимписки комитет освои дури 71 медал.

Русите на Игрите во Токио освоија највеќе медали уште од Игрите во Атина 2004 година. Освоија три медали повеќе од ОИ во Лондон 2012 година, 11 повеќе од Игрите во Пекинг 2008 година и дури 15 повеќе од Рио де Жанеиро 2016 година.

На второто место се најде Холандија која освои 18 медали повеќе од предвиденото, а трета е Австралија која Игрите во Токио ги заврши со 17 медали повеќе од предвиденото.
За време на правењето на анализата, новинарите на „Фајненшл тајмс“ се водеа по неколку различни критериуми, а меѓу најнаќајните параметри беа бројот на жители, економската развиесност и социјалната состојба во државите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот