Русите да бидат среќни што имаат 10 атлетичари во Токио

EPA-EFE/WILL OLIVER

Претседателот на Светската атлетска федерација (ИААФ), Себастијан Коу истакна дека Русите треба да бидат среќни што воопшто имаат претставници во атлетика на Олимписките игри во Токио.

На последните ОИ во Рио де Жанеиро 2016 година, само Дарија Клишина ја претставуваше Русија и тоа како неутрална натпреварувачка. Сега во Токио, Русија се води како тим на Рускиот олимписки комитет и на нив не им е дозволено да го користат своето знаме, а не се свири ниту химната кога освојуваат златни медали.

– Ќе бидам целосно отворен, имавме долгра расправа за тоа што да правиме со руските спортисти. Многу луѓе беа против да тоа да им се дозволи на Русите било какво учество во Токио. Мислам дека 10 атлетичари се сосема пристојна бројка, Русите треба да бидат среќни со тој број изјави Коу.

Руската атлетска федерација уште од 2015 година е исфрлена од сите тела во светската атлетика поради допинг скандалите, односно учеството во системскиот допинг на руските спортисти.
– Русија се уште е далеку од враќање во меѓународните тела. Внимателно следиме што прават и јасно е дека уште многу треба да ги подобрат работите за да добиеме чист спорт – вели Коу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот