Русија подготвена да нападне туѓи воени бродови кои влегуваат на нејзина територија

 Русија ќе биде подготвена да „отвори оган и да нападне” туѓи бродови за да ги заштити своите граници, предупреди денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по инцидентот во Црното Море каде плови британскиот воен брод „Дифенред” во близина на Крим, во водите за кои таа тврди дека се нејзини.

Русија соопшти дека патролен брод и борбен авион испукале предупредувачки истрели во близина на британскиот воен брод „Дифендер” со цел да го протераат од областа во близина на Севастопол, но Велика Британија ги демантираше таквите тврдења.

Рјабков истакна дека „неповредливоста на руските граници е апсолутен императив”, додавајќи дека ќе ја заштити „со сите средства: дипломатски, политички и, доколку е потребно, воени”.

На прашањето што би направила Русија за да спречи слични упади, Рјабков пред новинарите изјави дека ќе биде подготвена да „отвори оган кон цели” доколку предупредувањата не бидат доволни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот