Русија од август ги обновува меѓународни летови

Меѓународните летови во земјата се стопирани од 30.март откако беа воведени рестриктивни мерки за запирање на ширењето на корона вирусот од кој во Русија се заразени над 800.000 лица.

Од први август Русија ќе ги обнови некои од линиите на меѓународните летови, изјави потпретседателката на руската влада Татиана Голикова, но списокот со дестинации првично ќе биде ограничен на Танзанија, Турција и Велика Британија.

Меѓународните летови во земјата се стопирани од 30.март откако беа воведени рестриктивни мерки за запирање на ширењето на корона вирусот од кој во Русија се заразени над 800.000 лица.

Голикова истакнува дека со оглед на намалувањето на бројот на заразени во земјата летовите ќе се реализираат од аеродромите во Москва, Сант Петербург и Ростов на Дон.

Меѓународните линии се обновуваат со Лондон во Обединетото Кралство, турските градови Истамбул и Анкара и островот Занзибар во Танзанија.

Од 10. август ќе бидат додадену повеќе туристички одредишта во Турција, додава Галикова.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот