Русија, Кина и Јужна Африка почнаа големи поморски вежби, ќе се тестира ракетата „Циркон“

Воени вежби/ Фото EPA-EFE/NARONG SANGNAK

Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат денеска заеднички воени вежби во Индискиот Океан, во близина на брегот на Јужна Африка, демонстрирајќи ги нивните блиски врски во време на руската инвазија врз Украина и сѐ позаладените односи на Кина со Западот.

Десетдневните вежби наречени „Моси II“ ќе се совпаднат со првата годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари, а пристапот до медиумите ќе биде ограничен. Трите земји ги одржаа поморските вежби „Моси I“ во Кејптаун во 2019 година.

Руската фрегата „Адмирал Горшков“ оваа недела пристигна во Кејптаун, на која се буквите „З“ и „В“, што се користи за симболизирање на руската инвазија во Украина.

Пристигнувањето на руската фрегата предизвика контроверзии во меѓународната јавност, бидејќи е опремена со најновите хиперсонични ракети „циркон“, за кои Русија тврди дека „можат да пробијат каква било противракетна одбрана на море и на копно“. Планирано е проектилот да биде тестиран за време на вежбите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот