Русија ја стави мрежата на Навални на списокот на организации вмешани во тероризам

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Руската државна агенција за финансиски надзор (Росфимониторинг) ја вклучи мрежата на регионални канцеларии на опозицискиот лидер Алексеј Навални на списокот на организации вклучени во „тероризам и екстремизам”.

Руската државна агенција за финансиски надзор (Росфимониторинг) ја вклучи мрежата на регионални канцеларии на опозицискиот лидер Алексеј Навални на списокот на организации вклучени во „тероризам и екстремизам”.

Руските безбедносни служби денеска го затворија Иван Павлов, адвокатот кој ја брани фондацијата за борба против корупцијата „Алексеј Навални”, откако обвинителството реши да го гони за екстремизам.

На адвокатот му се заканува три месеци затвор доколку биде прогласен за виновен.

Павлов, кој е адвокат специјализиран за предавство, шпионажа и други чувствителни прашања, е обвинет за откривање тајни информации во врска со сегашната истрага, рече неговиот колега Евгениј Смирнов.

Навални издржува затворска казна од две и пол години во регионот Владимир поради кршење на условната казна. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот