Рубиалес доби забрана за приближување и не смее да контактира со фудбалерката Џени Хермосо

фото: EPA-EFE/RFEF

Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес денеска доби забрана за контакт со шпанската фудбалска репрезентативка Џени Хермосо, која без нејзина согласност ја бакна во уста на подиумот откако шпанскиот тим го освои светскиот шампионат.

Рубиалес денеска се појави пред судијата Франциско де Хорхе и ги отфрли обвиненијата за сексуален напад и принуда, за што беше обвинет откако ја бакна Хермосо на 20 август по финалниот натпревар во Сиднеј, соопшти обвинителството.

По сослушувањето, судијата издаде забрана за приближување, со која на Рубиалес му забранува да се приближи до Хермосо на 200 метри и дека не смее да контактира со фудбалерката додека трае истрагата. Обвинителството побара забрана на 500 метри.

Судијата го отфрли барањето на обвинителот да го задолжи Рубиалес да се појави на суд на 15 дена, како и барањето на адвокатот на фудбалерот за замрзнување на имотот што му припаѓа на Рубиалес.

Рубиалес нема да добие посериозна казна за бакнежот, шпанскиот суд ја поништил кривичната пријава

Шпанското обвинителство минатата недела го обвини Рубиалес за сексуален напад и принуда. Хермосо рече дека Рубиалес извршил притисок врз неа да излезе во негова одбрана веднаш по избивањето на скандалот.

Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека Рубиалес ги отфрлил двете обвиненија кога одговарал на прашања од судијата на едночасовно сослушување затворено за јавноста.

Рубиалес и адвокатот не зборуваа за медиумите надвор од Националниот суд по сослушувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот