Роналдо маскиран си играше со минувачите, кога сфатија кој е, едвај се спаси (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо во стилот на „скриена камера“ одлучи да се забавува со минувачите во центарот на Торино. Ѕвездата на Јувентус одлучи да се маскира, стави брада, бркови и капа, и во центарот на Торино играше фудбал со минувачите.

Мајсториите на маскираниот Роналдо ги воодушевуваа минувачите се до моментот кога еден од нив го препозна човекот кој се крие зад „маската“, Кристијано Роналдо.

Тој веднаш беше опколен од воодушевените минувачи по што со помош на обезбедувањето, едвај успеа да се спаси од воодушевените навивачи и минувачи во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот