„Романтично“ во Анталија, Рушевиќ стрелаше за победа над Лвов

Работнички ја темпира формата за пролетниот дел од сезоната/Фото: fkrabotnicki.com

Работнички оствари триумф од 1:0 против украинскиот прволигаш Лвов на првиот пријателски натпревар во Анталија.

Стрелец на победничкиот гол за „романтичарите“ беше новото засилување Анес Рушевиќ во 40 минута од мечот.

Покрај погодокот, Работнички создаде уште неколку одлични шанси кои сепак не беа реализирани. Во изгледни позиции беа Марјан Ристовски и Симеон Христов.

Тренерот Борче Христов го почна натпреварот со следниот состав: Јанков, Максимов, Илиевски, Кировски, Аломеровиќ, Гоес, Зејнулаи, Тодоровски, Рушевиќ, Станковски, Ристовски.

Во вториот дел шанса добија и останатите фудбалери. Пред стартот на овој меч клубот објави дека нов играч е дефанзивецот Драшко Ѓорѓевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот