Насловна корица на романот „С(удба)та“ во издание на „Бата прес“

Романот „С(удба)та“ е психолошки трилер од Филип Георгиевски

Во издание на „Бата прес“ е објавен романот „С(удба)та“ од македонскиот поет и прозаист Филип Георгиевски. Станува збор за политичко (полициски) психолошки трилер и трагични судбини инспирирани од вистинити настани.

На саемот на книгата во Скопје, делото го промовираше литературниот критичар, романсиер и драматург Гоце Ристовски, кој, меѓу другото, бележи: „Со мала граматичка досетка, употреба на заграда, се потенцира друга тема и суштина: УДБА – тајната служба во минатиот општествен систем и поранешната државна заедница во која рамноправна република беше Македонија – креатор на многу човечки и семејни судбини. Ова е уште еден квалитет на делото. Инвентивен и асоцијативен, предупредувачки. Романот говори за една ненајавена смрт. На млада личност, следејќи ги последиците, кај оној што од невнимание или поточно поради с(удба)та негова, придонел за една смрт, а можеби и за други несреќи, некои исто така со смртни последици, кој знае, и кај најблиските на несреќно загинатиот.“

Филип Георгиевски е автор на неколку поетски збирки и поеми. Минатата година го објави романот „Стриптиз на душата“, кој беше во најтесниот круг за годишната награда на Друштвото на писателите на Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 289, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 12-13.7.2025)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот