фото: EPA-EFE/ABBONDANZA SCURO LEZZI

Романо: Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ ќе биде нов играч на Аталанта

Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ ќе биде нов фудбалер на Аталанта, пренесува новинарот за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.

Самарџиќ веќе е на пат за Бергамо и денеска треба да ги заврши лекарските прегледи.

Романо додава дека Аталанта за неговите услуги плати 20 милиони евра. Самарџиќ во овој клуб ќе се пресели од Удинезе.

Од 2021 година левото крило за Удинезе запиша 93 настапи и 13 голови. А за најдобрата репрезентација на Србија до сега забележа 11 настапи.

На клупски план 22-годишниот играч претходно ги бранеше и боите на Херта и Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот