Романците го објавија списокот на репрезентативци за дуелот со Македонија

Романците ќе ги пречекаме во Скопје на Денот на независноста/Фото: EPA-EFE/John McVitty

Во септември ќе продолжат квалификациите на Светското првенство, а своето деби на 2 септември во Скопје како селекторот на македонската А репрезентација против Ерменија ќе го има Благоја Милевски.

Три дена подоцна во Рејкјавик нашите најдобри фудбалери ќе му гостуваат на Исланд, а на 8 септември на Денот на независноста на Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречекаме Романија.

Мундијалските квалификации ги започнавме токму против Романците, во Букурешт загубивме со 3:2 иако бевме блиску и до реми.

Потоа, дома славевме убедливо над Лихтенштајн (5:0), а во Дуизбург се случи големо изненадување откако ја совладавме Германија со 1:2.

Моментно во квалификациската група „Ј“ води Ерменија со девет бодови, пред Македонија и Германија по шест, следуваат Романија и Исланд по три, а последен е Лихтенштајн без бодови.

Романците веќе објавија прелиминиранн список од 23 репрезентативци кои конкурираат за септемвриските дуели, секако и оној против Македонија.

Селекторот на Романија, Мирел Радој се одлучи за следните играчи:

Голмани: Флорин Ница (Спарта Прага/Чешка), Јонуц Раду (Интер/ Италија)

Одбрана: Влад Кирикеш (Сасуоло/Италија), Кристи Ганеа (Арис Солун/Грција), Василе Могош (Кротоне/Италија), Јонуц Неделчару (Кротоне/Италија) , Андреј Рациу (Хуеска/Шпанија), Адријан Рус (Фехервар/Унгарија), Алин Тошка (Газиантеп/Турција)

Среден ред: Александру Чикалдау (Галатасарај/Турција), Јанис Хаџи (Глазгов Ренџерс/Шкотска), Денис Ман (Парма/Италија), Разван Марин (Каљари/Италија) , Мариус Марин (Пиза/Италија), Александру Максим (Газиантеп/Турција), Александру Митрица (Ал Ахли/Саудиска Арабија), Драгош Неделку (Фортуна Дизелдорф/ Германија), Дорин Ротариу (Лудогорец/Бугарија), Николае Станчиу (Славија Прага/Чешка)

Напад: Флорин Андоне (Брајтон/Англија), Денис Драгуш (Стандард Лиеж/Белгија), Клаудиу Кешеру (Лудогорец/Бугарија), Георге Пушкаш (Рединг/Англија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот