Ролан Гарос: Лесен тренинг за Надал

epa08715927 Rafael Nadal of Spain hits a forehand during his third round match against Stefano Travaglia of Italy during the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 02 October 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Бранителот на трофејот се пласира во осминафиналето на Ролан Гарос.

Кралот на земјените терени во третото коло беше подобар од Италијанецот Стефано Траваља со 6:1,6:4,6:0 за 96 минути игра.

Надал фуриозно го започна дуелот со Траваља и ги освои првите осум поени, а потоа по потврди брејкот и за само осум минути игра имаше водство од 3:0. Траваља првиот гем го освои кога намали на 3:1 и тоа беше се што направи во првиот сет.
Во вториот сет отпорот на Италијанецот беше поголем, се држеше со 3:3 по што Надал прави брејк и лесно ја одржа предноста за водство од 2:0 во сетови.
Третиот сет помина во целосна доминација на Шпанецот кој без многу пот си обезбеди пласман во осминафиналето. Нареден противник на Надал ќе биде Американецот Себастијан Корда кој во три сета (6:4,6:3,6:1) го елиминира Шпанецот Мартинез.

Во вистински маратонски меч елиминиран е Станислас Вавринка од домашниот тенисер Уго Гастон. Дуелот траеше речиси 200 минути, а по пет сета борба како победник излезе Гастон кој славеше со 2:6,6:3,6:3,4:6,6:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот