Ројевиќ: На реваншот во Охрид да ја исполниме салата и да се обидеме да го елиминираме Целје
Ракометарите на Охрид во Словенија загубија во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч од ЕХФ Европскиот Куп против Целје со резултат 27:26.
Препорачано
Во салата „Златорог“ во Целје, играчите на ГРК Охрид имаа поддршка од голем број македонски навивачи.
Следува реваншот во салата „Билјанини извори“ што ќе се игра во сабота (2 мај), со почеток од 19.00 часот. Билетите за возвратниот дуел се пуштени во продажба онлајн на следниот линк ТУКА
– Навистина еден извонреден натпревар, еден извонреден амбиент. Целје и сега покажа дека најталентираната екипа во Европа, но честитки и за моите момци на една извонредна партија и на еден извонреден карактер. Се вративме од „минус шест-седум“ голови негатива и направиме активен резултат пред реваншот во Охрид. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа во голем број. Ги повикувам сите фанови да дојдат во „Билјанини извори“ да ја исполнат салата, да направиме еден незаборавен амбиент и да се обидеме да го поминеме Целје, поранешниот европски шампион и да играме во финалето – се зборовите на тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ.
Победникот од овој двомеч, во финалето ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Извиѓач (Босна и Херцеговина) и Татабања (Унгарија) на нашиот Филип Талески.
Охрид дома ќе брка финале – во Целје загуби со само еден гол разлика


