Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Родителите ги прекинуваат блокадите во Кочани откако се објави датумот за судењето – „Ова не е судење за пожар, туку судење за совеста и одговорноста“

По закажувањето на судското рочиште за трагедијата во Кочани родителите и семејствата на сега веќе 63-те жртви соопштија дека привремено ги прекинуваат блокадите, но продолжуваат со маршевите секоја сабота, кои остануваат симбол на нивната борба за вистината. Очекуваат фер, транспарентен и непристрасен процес и одговорност за сите виновни за трагедијата.

-Ние, родителите и семејствата на починатите деца, соопштуваме дека со големо внимание ќе го следиме судскиот процес, со единствена цел – да се открие вистината и да се обезбеди правдата за младите животи што беа изгубени во трагедијата што засекогаш го промени нашето општество. Очекуваме фер, транспарентен и непристрасен процес, во кој секој што има одговорност ќе ја понесе. Нашата болка е вечна, но нашата борба е и за сите идни генерации – никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија. Бараме јавноста, медиумите и институциите да го следат овој процес со должно внимание, бидејќи ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста – се вели во соопштението на родителите.

Кривичниот суд за на 19 ноември го закажа судскиот процес за првото обвинение што беше поднесено за кочанската трагедија. Судскиот процес ќе се одржува во судницата во Идризово а случајот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска.

Новите осомничени функционери ќе се гонат со стари „поблаги“ санкции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот