Родени се Владо Калембер, Џорџо Мородер и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Фото: Инстаграм

Денешниот ден, 26 април, во историјата на музиката го одбележаа неколку настани за кои подетално ќе можете да прочитате во продолжение…

1938 година – Роден е Дуан Еди, американски гитарист популарен во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век, а поради своето значење од 1994 година е дел од куќата на рокенрол музиката.

1940 година – Роден е Џорџо Мородер, италијански продуцент и композитор, посебно познат како автор на филмска музика, како и по истражувањата на синтисајзерот, во чие свирење ги изразуваше влијанијата на електронската и техно музиката.

1943 година – Роден е Гери Врајт, пејач и клавијатурист на англискиот прогресивен рок бенд „Spooky tooth“.

1953 година – Роден е Владо Калембер, пејач на поп групата „Сребрена крила“.

1960 година – Роден е Роџер Тејлор, тапанар на англиската рок група „Duran Duran“.

1969 година – Излезе вториот албум на канадскиот пејач и текстописец Леонард Коен,  „Songs from room“, кој донесе два негови големи хитови.

1977 година – Отворено Студиото 54, познатиот клуб во Њујорк, кој долго време беше синоним за танчерска грозница која го зафати целиот свет.

1982 година – Пол Макартни го објави албумот „Tug of war“, што е прво издание по расформирањето на неговата група „Wings“. Албумот содржи дует со Стиви Вондер, „Ebony and ivory“, а песната е објавена како најавен сингл на албумот и се искачи до првите места на топ листите.

1990 година – Рок групата „Мајке“ заврши на својот прв официјален албум „Разум и безумлје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот