Родени лажговци: Хороскопски знаци со најголем талент за лажење

Некогаш, лагата е единствениот начин да се избегне расправија, иако помеѓу луѓето и понатаму владее ставот дека подобро е да се каже безусловната вистина.

Без оглед на тоа дали сте поборници на повременото лажење, или, пак, се залагате само и исклучиво за вистината, не е лошо да знаете кои се хороскопските знаци кои имаат најголем талент за лажење.

Близнаци

Во мноштво ситуации, нивната неискреност и не е намерна. Но, сеедно доаѓа до неа, бидејќи често се премислуваат. Тешко им е да се држат до она што го рекле, па многупати „излегуваат“ лажливци, дури и тогаш кога тоа никако не им била намерата.

Рак

Припадниците на овој знак се многу креативни, што им овозможува брзо смислување лаги на лице место. А, Раковите најчесто лажат кога се обидуваат да се извлечат од неволја.

Вага

Кога лажат, лажат за да ја сочуваат хармонијата кон која толку тежнеат. Се разбира, понекогаш позади нивните лаги се кријат и зли намери, ама најчесто само се трудат на сите да им биде убаво.

Риби

Пријателски настроени и полни со сочувство, тие понекогаш ќе играат на картата на „маченици“. Рибите се инаку многу искрен хороскопски знак, поради што е уште потешко да препознаете дали лажат или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот