Instagram

Роберт Де Ниро и неговата ќерка се сретнаа со папата во Ватикан

Дрена Де Ниро, ќерка на познатиот актер Роберт Де Ниро, го прекина молчењето со емотивна објава за време на патувањето во Ватикан. Нејзината изјава дојде само две недели откако пет лица беа уапсени во врска со смртта од предозирање на нејзиниот 19-годишен син Леандро Де Ниро Родригез.

Актерката и режисерка Дрена Де Ниро (58) откри дека за време на нејзината посета на Рим се сретнала со папата, и тој момент, вели таа, ѝ го исполнил срцето со благодарност и чувство дека духот на нејзиниот син Леандро е со неа.

„Можеби никогаш нема да ги пронајдам зборовите за да ја опишам празнината во моето срце“, напиша Дрена во трогателна објава на Инстаграм. „Да се стои во присуство на Неговата Светост, во соба исполнета со љубов и љубезност, е чест што ќе остане со мене до крајот на мојот живот.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Drena De Niro (@drenadeniro)

Таа исто така опиша дека го чувствувала присуството на Леандро во текот на целиот престој во Ватикан. „Мојот мал Лео постојано ни испраќа знаци, со неговата палавост и духовитост. Мојот превез ми се лизгаше од главата секој пат кога папата ќе се приближеше, речиси како самиот да го туркаше и да се смееше додека се обидував да го вратам. Ја заборавив бројаницата, а внатре слушнав глас како ми вели: „Во ред е, не ти треба.“ И потоа на крајот добив благословена бисерна бројаница… Сето тоа е Лео.“

Дрена исто така раскажа дека му дала на папата мал подарок, а тој ѝ возвратил со благослов.

„Топлината и љубезноста во неговите очи додека го прифаќаше мојот подарок, не само во спомен на мојот Лео, туку и во чест на сите млади животи што прерано заминаа. Ќе остане со мене засекогаш“, напиша таа.

Петмина се уапсени поради смртта на внукот на Роберт де Ниро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот