Петмина се уапсени поради смртта на внукот на Роберт де Ниро
Петмина луѓе денеска се уапсени под обвиненија поврзани со смртта од предозирање на внукот на американскиот актер Роберт де Ниро, и ќерката на Крис Стајн, гитаристот на бендот „Блонди“, во 2023 година, пренесува „Индпендент“, повикувајќи се на полициски извори.
Препорачано
Софија Маркс, позната под прекарот „Принцезата на Перкоцет“, беше обвинета во 2023 година за продавање дрога која предизвикала смрт на Леандро де Ниро Родригез, внукот на славниот актер.
Криминална мрежа со фалсификувани опијати
Петте обвинети – Грент МекАјвер, Брус Еперсон, Еди Барето, Џон Николас и Рој Николас – наводно биле членови на криминална мрежа која дистрибуирала илјадници таблети што содржеле фентанил и други дроги.
Според обвинителството, тие ги продавале на тинејџери и млади лица во Њујорк, изложувајќи ги на смртоносен ризик.
Фентанилот убил тројца тинејџери
Во обвинението се наведува дека таблетите со фентанил кои ги дистрибуирале осомничените предизвикале смрт на тројца 19-годишни млади луѓе, меѓу кои и Леандро де Ниро Родригез и Акира Стајн, ќерката на Крис Стајн, коосновачот на групата „Блонди“
Иако во обвинението не се наведени имињата на жртвите, полициски извори ги потврдиле идентитетите.


