Роберт де Ниро гради луксузен рај на плажа, вложува 250 милиони долари
Славниот актер Роберт Де Ниро не престанува да изненадува, а овој пат тоа го направи со бизнис потфат кој одекна во светот. Британскиот весник „Телеграф“ на својот инстаграм-профил откри детали за амбициозниот проект на актерот – луксузен ресорт вреден 250 милиони долари кој ќе го гради на Карибите.
Препорачано
Во објава која го прикажува Де Ниро на идилична песочна плажа, „Телеграф“ открива дека актерот ја проширува својата позната империја на ресторани „Нобу“ на островот Барбуда. Новиот ресорт, наречен „The Beach Club Barbuda“, ќе биде сместен на плажата Принцеза Дајана, една од најнедопрените на Карибите. Комплексот ќе вклучува „Nobu Beach Inn“ и приватни вили, чии цени ќе се движат од 12 милиони долари, а отворањето е планирано за почетокот на 2026 година.
Де Ниро истакнува дека целта на проектот е да се создадат работни места за локалното население, а воедно да се зачува природната убавина на островот, во која се заљубил на прв поглед.
„Беше едноставно прекрасно“, ја пренесува весникот изјавата на актерот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


