РКЕ со одлука за поскапување на горивата

Ваквите измени следуваат по движењата на нафтата на светските пазари минатата недела.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,98%.

Од ноќеска на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на

малопродажните цени утврдени со Одлуката од 08.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 51,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 40,00 ден/лит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот