Марко Бислимовски / Утрински брифинг
Марко Бислимовски / Утрински брифинг

РКЕ ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор, вели Бислимоски

Во текот на следната недела ќе објавиме предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања на која втор ден се разгледува Финансискиот извештај на РКЕ за 2022 година.

-Намалувањето на ДДВ-то, проширувањето на листата на ранливи категории се дел од иницијативите кои се реализраа со цел заштита на домаќинставата и да им се помогне на оние кои што најмногу им е потребно. РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор. Со последната одлука ги тргнавме повластените производители на обновливи извори на енергија да не бидат на товар на домаќинставата во сметките и загарантиравме целосна енергија само од ЕСМ од 41 цена од евро за мегават час, додека на слободниот пазар е во просек 250 евра. Паралелно токму овие повластени производители ги ставивме на слободниот пазарот и ослободивме околу 237 гигават часови електрична енергија кон стопанството со што се направи заштеда oд околу 36 милиони евра, рече Бислимоски.

Во Предлог – финансискиот план на РКЕ за 2022 година ставката приходи и расходи е проектирана на околу 91,7 милиони денари, додека предлогот за процентот на зафаќање од енергетските компании за финансирање на работата на РКЕ е 0,0522 отсто и е помал од законски утврдениот максимум од 0,1 проценти.

Членовите на Комисијата од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа на зголемена ставка за интелектуални и другу услуги во Предлог-финансискиот план на РКЕ, која е зголемена за 17,34 отсто на што Бислимоски појасни дека се коростат консултантски услуги од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и од Машинскиот факултет од Скопје.

-Станува збор за најреномирани образовни институции кои се користат за советодавни, технички и стручни консултации од областите кои се регулираат се со цел да има поквалитени решенија, а во дел од тимовите се и лица кои се советници во ВМРО-ДПМНЕ и во нивните комисии. Ние немаме комплекс, сакаме со сите стручни лица да дискутираме се цел да изнајдеме најдобри решенија за граѓаните, потенцира Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот