РК Бутел се засили со Мартин Манасков

фото: РК Бутел

Левиот бек Мартин Манасков е нов ракометар на Бутел Скопје, откако потпиша едногодишен договор со суперлигашот со можност да биде продолжен за уште една. Тој доаѓа од тимот на Охрид каде ги мина последните две сезони.

– Среќен сум што потпишав за Бутел Скопје, тоа е клуб со високи амбиции и лесно беше да одлучам. Со повеќето играчи имам играно и добро се познавам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе имаме успешна сезона  – се зборовите на Манасков по потпишувањето за РК Бутел.

Претходно Бутел ги продолжи договорите со Стефан Стојчевиќ, Владимир Јевтиќ и Томче Стојановски, како и со тренерот Кристијан Грчевски, а покрај Манасков, нови ракометари се средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот