РК Бутел го очекува историското деби во европските купови

фото: РК Бутел

Тимот на Бутел Скопје го очекува историското деби во европските купови. Избраниците на Кристијан Грчевски ќе се соочат со незгодниот украински вицепрвак ЗТР Запорожје в сабота на домашен терен, а реваншот ќе биде следниот викенд.

– Немаме многу информации за противникот, па не можам да кажам нешто повеќе околу очекувањата од овој двомеч. Ние ќе играме ракомет, играчите ќе се борат за што подобар резултат на првиот натпревар. Сакаме да се претставиме во убаво светло и да одиграме онака како што знаеме, на високо ниво, кое што доликува на екипа како Бутел. Не знам каков резултат би ни бил доволен за пласман понатаму, има и реванш сепак, но украинската екипа е многу незгодна. Како и да е, ние ќе одиме на победа со тимска и борбена игра – изјави Грчевски.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и ЗТР Запорожје, кој е дел од второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ ќе се игра в сабота (5 октомври) во СРЦ „Кале“ – Скопје со почеток од 18.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот