РК Алкалоид сака да ја поправи сликата на реваншот против Хановер-Бургдорф
Ракометниот клуб Алкалоид е во исчекување на реваншот против бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во рамки на квалификациите во Европската лига на ЕХФ.
Препорачано
Првиот меч од битката за место во групната фаза во Германија заврши со победа на Хановер-Бургдорф (37:27) и играчите на тренерот Кирил Лазаров се пред мисија да се надополни тој минус, за место во групната фаза.
Лазаров на прес-конференцијата изјави дека негативата од „минус 10“ е нереална. Повеќе ТУКА
Мечот меѓу Алкалоид и Хановер-Бургдорф ќе се игра денеска со почеток од 19.30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје.
На овој дуел ќе има и посебен момент за македонската екипа затоа што ќе го добие ланскиот освоен пехар во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
Судиската двојка на натпреварот доаѓа од Романија, тоа се Михаи Маријан Пирву и Раду Михаил Потирниче. Делегат на натпреварот е Михаил Башев од Бугарија. Победникот од овој двомеч ќе игра во Групата Г од Европската лига на ЕХФ каде чекаат Фредериција (Данска), Татран Прешов (Словачка) и Савехоф/Малме (Шведска).


