РК Алкалоид потпиша договори со тројца ракометари од Мулти Есенс

Фото: РК Алкалоид

По завршувањето на првиот дел од ракометната сезона во која РК Алкалоид го освои првото место во групата „А“ во македонската Суперлига со скор од 14 победи од 14 натпревари и дебитираше во EХФ Европската лига, раководството на клубот донесе одлуки за одредени играчки промени што ќе бидат извршени во пресрет на плејоф-натпреварувањето.

Јуниорскиот репрезентативец Валентин Карасманакис, ракометар кој игра на позицијата пивот од редовите на РК Мулти Есенс ќе се пресели во екипата на РК Алкалоид.

Десното крило Мартин Димовски кој во првиот дел од сезоната играше за екипата на РК Мулти Есенс, во пролетниот дел ќе биде дел од екипата на РК Алкалоид.

Голманот Виктор Василевски од екипата на РК Мулти Есенс во плејоф продолжението на сезоната ќе настапува за екипата на РК Алкалоид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот