РК Алкалоид имаше успешна увертира пред мечот со шпанската Ла Риоха

Максим Гарбески/фото: РК Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид денеска дојдоа и до 13 победа во 13 одигран натпревар во македонската Суперлига.

Играчите предводени од тренерот Кирил Лазаров убедливо го совладаа составот на МРК Куманово со резултат 29:12 (14:9).

Најдобри стрелци во РК Алкалоид беа 15-годишниот Гарбески и Савревски со по шест постигнати гола, додека Омерагиќ стрела петпати.

На спротивната страна за МРК Куманово четири погодоци запиша Газмардија. На табелата во групата „А“ води Алкалоид со 39 бодови, додека МРК Куманово е на претпоследното седмо место со четири.

Оваа победа е увертира за последниот европски дуел сезона за РК Алкалоид. Во Европската лига на ЕХФ, во Скопје гостува Ла Риоха Логроњо од Шпанија, а мечот е закажан за 5 декември од 18.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот