Ривалдо: Фудбалот е на добар пат да го добие новиот Роналдо

twitter/Borussia Dortmund

Легендарниот Бразилец верува дека Ерлинг Халанд може да го достигне на неговиот сонародник.

Норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд и по доаѓањето во Борусија Дортмунд продолжува да ги тероризира противничките голмани и не престануваа да ги воодушевува сите со своите игри.  На 12 натпревари во дресот на Борусија постигна дури 13 гола, а претходно ги решеташе мрежите како играч на Салцбург.

Поранешниот играч на Барселона и на бразилската репрезентација, Ривалдо, смета дека Халанд има уште простор да напредува и дека може да ги достигне квалитетите на неговиот славен сонародник, Роналдо.

– Халанд уште сега е одличен фудбалер, има само 19 години и во иднина ќе станува се подобар и ќе биде еден од најдобрите голгетери на светот. Игра без никаков страв и изгледа многу смирено на теренот. Уште сега Халанд е играч од светска класа кој може многу да напредува и нормално е што екипи сакаат да потпишат со него – вели Ривалдо кој досега отиде најдалеку во споредбите.

Некои луѓе го споредуваат неговиот стил со тој на Луис Назарио да Лима Роналдо и можеби постојат сличности бидејќи Халанс е брз, не се плаши и постигнува многу голови. Мислам дека е прерано да се размислува дека ќе биде негов наследник, но Халанд сигурно оди по тој пат. Роналдо освои две титули на СП и го воодушеви светот со своите потези и дриблинзи па ни треба време да видиме дали Халанд може да го достигне. Но, едно е сигурно, има се што е потребно за да дојде до тоа ниво – додава Ривалдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот