Ристовска и ЦСКА Москва ќе бркаат негатива за четвртфинале во ЛШ

фото: whccska.ru/Максим Серегин

Изненадувачки денеска во првиот натпревар од осминафиналето во женската Лига на шампионите ЦСКА Москва загуби на гостувањето кај Крим со 25:20.

Словенечките ракометарки во одредени период од второто полувреме имаа и „плус шест“ позитива во текот на мечот. За домашната екипа најефикасни беа Да Силва Виеира со седум погодоци и Серсиен-Уголин со шест.

На спротивната страна за рускиот тим четири погодоци беа дело на Горшкова, додека македонската репрезентативка Сара Ристовска двапати се запиша во листата на стрелците. Реваншот ќе се одигра на 13 март во Москва, а истиот ќе го судат Силвана Карбеска и Марија Илиева од Македонија.

Се одигра уште еден дуел, во романската пресметка ЧСМ Букурешт славеше убедлив кај Валчеа со 24:33, иако на паузата водеше само со 12:13. И реваншот на овие две екипи (на 13 март) ќе го судат наши арбитри, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Токму победниците од овие две пресметки ќе се соочат во четвртфиналната фаза на ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот