Фото: vfmkd.org.mk

Ристески пред реваншот во Челинџ купот: Милано е фаворит, не сме оптоварени резултатски

Последниот македонски одбојкарски клуб на европската сцена во сезоната 2025/2026, вице-шампионот Штип УГД, во вторник попладне (17.30 часот) во „Центро Павеси“ во Милано, ќе го игра реваншот со Алијанц Милано, во рамките од 1/16 финалето од Челинџ купот.

Штип УГД на првиот меч во Радовиш пред неполн месец загуби во три сета од фаворизираниот италијански противник.

Нашиот претставник ова гостување ќе биде без главниот стратег Кристијан Ристески, кој поради здравствени причини нема да биде на клупата.

– Испишавме клупска историја со пласманот во 1/16 финалето од Челинџ купот. Јасно е дека Милано е фаворит, тоа го потврди и на првиот меч, а во реваншот нашиот тим ќе се потруди да понуди што е можно поквалитетен отпор и да одиграме најдобро што можеме. Не сме оптоварени резултатски – потенцира Ристески во пресрет на дуелот.

На премиерата на европската сцена штипскиот состав до главната фаза од Челинџ купот стигна откако преку „златен сет“ ја елиминираше норвешката екипа Кол Ил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот