Рио Фердинанд: Четвртфиналето е реален пласман за Англија, а после тоа сè е можно
Англија на Светското првенство во Катар денеска од 14.00 часот во групата „Б“ ќе стартува против Иран и е голем фаворит против селекцијата од Азија.
Препорачано
Своите очекувања пред настапот на „Гордиот Албион“ на Мундијалот ги сподели поранешниот англиски репрезентативец, Рио Фердинанд. За британскиот „Би-Би-Си“ тој ги коментираше достигнувањата на англискиот тим на Светското првенство.
– Мислам дека четврт-финалето е реален пласман, а после тоа сè е можно – изјави Фердинанд.
Новинарот се интересираше до каде ќе стигнеше репрезентацијата на Англија, со него во тимот.
– Со Рио на врвот… Ќе игравме финале, сигурен сум во тоа, малку сум субјективен, но мислам дека таквиот пристап со самодоверба е клучот за големиот успех. Нема смисла да се каже, одиме само во четврт-финале или слично. А со Рио во сегашната форма ќе испадневме уште во групната фаза – се пошегува на крајот поранешниот англиски репрезентативец.
Со него во тимот на „Горди Албион“ беше елиминиран во четвртфиналето на светските првенства 2006 и 2010 година.
ВИДЕО | Зад сцената: Како настанала фотографијата од Роналдо и Меси која го „сруши“ интернетот?


