Ринс до триумф во „кралската“ класа, возбудлива трката за титулата!
Возачот на „Сузуки“, Алекс Ринс стана осмиот различен победник оваа сезона, откако славеше на Големата награда на Арагон, 10 трка годинава во Мото ГП шампионатот.
Препорачано
Ринс на патеката „Моторленд“ го запиша третиот триумф во „кралската класа“, а 15 во кариерата, успеа во текот на денешната трка да ги запре налетите на Алекс Маркес од „Репсол Хонда“.
Помладиот од браќата Маркес имаше 263 илјадитинки заостанување, а во Шпанија дојде до вториот подиум во две недели, само овојпат по суво.
? @Rins42 hangs to beat @alexmarquez73 in an Aragon epic!
Catch all the post-race reaction and analysis on #AfterTheFlag next! ⏱️@Michelin_Sport | #AragonGP ?https://t.co/deoyqHejUq pic.twitter.com/ZWFFuI937N
— MotoGP™? (@MotoGP) October 18, 2020
На третото место се најде вториот возач на „Сузуки“, Жоан Мир, кој сега е водечки во генералниот пласман со 121 бод, пред Фабио Квартараро кој има 115, следуваат Маверик Вињалес (109) и Андреа Довициозо (106).
Иако Квартараро ја имаше пол позицијата, Французинот на „Јамаха“ имаше лоша трка на крајот ја освои дури 18 позиција.
До крајот на сезоната има уште четири трки, возбудувањата се враќаат наредната седмица повторно во Шпанија за ГН Теруел, исто така на патеката „Моторленд“.


