Ријана позираше во проѕирен градник, па се искара со своја обожавателка! (ФОТО)
Американската пејачка Ријана (32) позираше во градник со боја на кожа, кој ги истакнуваше нејзините гради, а кога доби негативен коментар од една хејтерка, таа возврати во свој стил.
Имено, убавата пејачка објави фотографија на својот профил на Инстаграм, каде си намачкала заштитен фактор и го открила бујното деколте.
– Само сакам да го заштитам својот меланин, додека се обидуваат да го искоренат – напишала Ријана, рекламирајќи го својот бренд „Fenty Skin“.
View this post on Instagram
just protecting my melanin while they try to eradicate it! @fentyskin #FentySkinStartRs mini gang!
Оваа фотографија е „лајкувана“ повеќе од 4,2 милиони пати, а покрај многуте позитивни коментари се јави и една критичарка.
– Сега е зима – напишала девојката во коментарот на Инстаграм, мислејќи на тоа дека на Ријана не и е потребен заштитен фактор.
– За мене тоа е не знаење. Ќе имаш бори ако мислиш дека СПФ постои само сезонски. Но, само продолжи така – и одговорила Ријана.
Инаку Ријана во петокот го објави тизерот со кој ја најави долгоочекуваната ревија „Savage X Fenty“.
View this post on Instagram