РФМ: РК Аеродром повеќе нема право да настапува во Супер лигата

фото: facebook/RK Aerodrom

Започнаа натпреварите од првото коло во македонската Супер машка ракометна лига, плеј-оф и плеј аут. Во рамките од групите А и Б, се одиграа седум од планираните осум натпревари, откажан беше мечот меѓу РК Аеродром и РК Еурофарм Пелистер 2 кој е регистриран со службена победа на битолскиот тим од 10:0.

Пред стартот на овој натпревар беше објавено дека играчите на Аеродром во салата во ФФК подигнаа транспарент на кој пишуваше „Дигни руке“ и воедно се огласи претседателот на клубот Дарко Петровски.

Тогаш не беше до крај јасна причината зошто РК Аеродром не го одигра натпреварот, а сега Ракометната федерација на Македонија (РФМ) излезе со одлука клубот да биде исфрлен од Супер лигата, бидејќи ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско, односно акционерско друштво согласно Законот за спорт.

Согласно доставената информација и известување од страна на Комисијата за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија, во врска со постапката за финализирање на административните формалности за процесот на трансформација на Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром во трговско односно акционерско друштво, на состанокот одржан на ден 12.02.2024 година се констатираше дека Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско односно акционерско друштво согласно Законот за спорт член 6-а и член 9-а.

Во однос на неисполнувањето на законските одредби од Законот за Спорт а по претходно утврдено од страна на органи и тела на РФМ, Натпреварувачката комисија испрати известување до Здружението на граѓани РК Аеродром дека нема право да го продолжи натпреварувањето во систем на натпревари во натпреварувачка сезона 2023/2024 година на Ракометна Федерација на Македонија, а сите останати натпревари предвидени во натпреварувачкиот календар ќе бидат регистрирани со 10:0 (-1 бод) во корист на противничката екипа – стои во објавата на РФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот