Ракометарите на Аеродром не го одиграа натпреварот против Еурофарм Пелистер 2

фото: facebook/RK Aerodrom

Денеска требаше да се игра натпреварот од првото коло во плеј-аут во македонската ракометна Суперлига помеѓу екипите на Аеродром и Еурофарм Пелистер 2.

Но, но истиот не се одигра, а пред стартот играчите на Аеродром во салата во ФФК подигнаа транспарент на кој пишуваше „Дигни руке“.

– Нека знае цела македонска јавност дека Аеродром не се откажува од натпревари, дека тоа е по насоките на генералниот секретар на РФМ. Натпреварот од тие причини нема да се одигра. Се извинувам на гостите што ги измалтретиравме“ беа зборовите на претседателот на РК Аеродром, Дарко Петровски.

Сè уште нема никаква информација од Ракометната федерација на Македонија зошто овој натпревар не е одигран.

Битолчани објавија дека Еурофарм Пелистер 2 службен го доби натпреварот со тимот на Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот