РФМ: Доколку договорот на играчот не е заверен во федерацијата, истиот се смета за невалиден

фото: рфм

Информирани се клубовите околу споровите кои ги имаат со договорите на ракометарите, ракометната федерација ги потенцираше правилата при регистрација нво одреден клуб со почитување на сите права и обврски..

Претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска во изминатиот период истакна дека трансферот на Стефан Додиќ во РК Охрид не е возможен.

Исто така реагираше и РК Голден Арт КЛ7 кој се закани дека доколку не се преземат мерки од РФМ, првенството ќе се смета за нерегуларно.

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ја информира јавноста дека работи, постапува и одлучува единствено согласно утврдените нормативни акти на РФМ и позитивните законски прописи кои третираат материја надлежност на РФМ.

Во продолжение целото соопштение на Ракометната федерација на Македонија:

– Во текот на минатиот период по изнесените наводи во јавноста, Ве информираме дека Регистрациониот правилник за играчи кој е јавно достапен нормативен акт на РФМ, под договор се сметаат ракометар/ка кој согласно член 20 точка 5 има потпишан договор (образец на РФМ) помеѓу играчот и клубот со утврдени права и обврски на договорните страни, истиот се заверува од страна на РФМ согласно член 14 точка 6.2 во рок од 30 (триесет) дена по потпишувањето на договорот, доколку истиот не е заверен се смета за невалиден согласно член 14 точка 6.6 од Регистрациониот правилник на РФМ.

Органите и телата на РФМ третираат материја на Договор кој е заверен од страна на комисиите, до колку спортскиот субјект има интерни договори со засегнати страни истите не се во надлежност на РФМ и нема овластување да постапува и одлучува по истите .

Упатуваме апел дека Македонската куќа на ракометот има за цел да го етаблира ракометот во својство на национален спорт број 1, правата и обврските на сите чинители е да делуваат во рамките на своите ингеренции и да се води интензивен меѓусебен продуктивен дијалог.

Како национална куќа на ракометот, ние ќе продолжиме да го даваме нашиот максимум во смисол на комплетна логистика, поддршка за развој и одржливост на македонскиот ракомет како и комплетно почитување на нормативните акти на РФМ, како и на сите позитивни законски прописи – известуваат од РФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот