Резултатите добри, управата со „две страни“: Бобан и Малдини против Газидис!?
Газидис зборуваше со Ралф Рангник за можно преземање на екипата како тренер, а воедно и спортски директор наредната сезона. Сето тоа без да знае Бобан…
Иако „росонерите“ годинава можеби имаат подобри резултати, во управата на клубот ситуацијата и баш не е најдобра.
Препорачано
Дојде до „конфликт“ околу клупската стратегија, од една страна извршниот директор Иван Газидив, а на другата двајца челници на клубот, поранешните соиграчи Звонимир Бобан и Паоло Малдини.
Проблемот дојде кога Газидис зборуваше со Ралф Рангник за можно преземање на екипата како тренер, а воедно и спортски директор наредната сезона. Сето тоа без да знае Боба.
– Непријатно е да се зборува за ова. Најлошото е тоа што ја дестабилизира ситуацијата, иако резултатите од работата на Стефано Пиоли се веќе видливи. Фактот што Газидис дури не ме предупреди е знак на непочитување. Тоа не е во стилот на Милан. Мораме да бидеме обединети и почитувани. Веќе разговаравме со Газидис за тоа што се случи. Но, има итна потреба да се сретнеме со сопствениците на Милан за доброто на клубот – рече Бобан за „Газета дело Спорт”.
Стефано Пиоли е тренер на „росонерите” од октомври 2019 година. После одигрувањето на 25 кола, екипата се наоѓа на седмото место во пласманот со 36 поени.


