РЕЗУЛТАТИ од аутопсијата: Вратот на милијардерот бил скршен на повеќе места

Аутопсијата на телото на милијардерот Џефри Епстајн, кој наводно се самоубил во затворот во Њујорк, додека чекаше судење за сексуална трговија со малолетници, покажала дека вратот му бил скршен на повеќе места, пишува „Вашингтон пост“.

Такви скршеници можат да се појават кај луѓе што се обесиле, но не и кај жртвите на убиство со давење, наведува аутопсијата, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Тоа се првите детали од резултатите од аутопсијата на Епстајн, кој умрел во саботата наутро, кога стражарите го пронајдоа обесен во неговата ќелија во затворот на Менхетн.

Државниот обвинител чие одделение го следи затворот во кој престојувал Епстајн, рекол дека неговата смрт е „очигледно самоубиство“, но од американското Министерство за правда не ги коментирале резултатите од аутопсијата.

Главниот патолог на Њујорк, Барбара Семпсон ја направила аутопсијата на телото на Епстајн во неделата, а од нејзината канцеларија не ги коментирале наводите на „Вашингтон пост“. Изјава не можеле да добијат ниту Ројтерс.

Семпсон претходно изјавила дека е уверена дека Епстајн умрел во затворот така што се обесил во затворската ќелија, каде чекал судење за трговија со луѓе.

Обдукцијата ја надгледувал приватен патолог во име на застапници на Епстајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот