Револверот со кој е убиен Били Кид е продаден за 6 милиони долари

Пиштолот со кој е убиен американскиот, одметник од Дивиот Запад Били Кид, е продаден за повеќе од 6 милиони долари на аукција во петокот во Лос Анџелес, што е двојно повеќе од проценката пред продажбата.

Аукционерите на Бонамс соопштија дека револверот „Колт“ кој го употребил шерифот Пет Гарет за да го убие Били Кид во 1881 година, бил купен преку телефонско јавуваање од лице кое сакало да остане анонимно.

Според соопштението од аукцијата , пиштолот кој се смета како „најисконското богатство во раната историја“ на Дивиот Запад , постигнал цена од 6,03 милиони долари што претставува светски рекорд за продадено огнено оружје.

Се очекуваше оваа реликвија да ја достигне максималната цена од 2 до 3 милиони долари.

Били Кид беше еден од најбараните одметници во Аризона и Ново Мексико, и беше обвинет за убиство на жосум мажи.

По едномесечна потера,на 14 јули 1881 година ,шерифот Пет Гарет го пронашол Били Кид кој бил засолнет на ранч во Форт Самнер, Ново Мексико. Били Кид имал 21 година кога бил убиен од шерифот Гарет

И 100 години по неговот убиство легендата за Били Кид живее Приказната за одметникот од 19 век е прикажана во поп-културата 100 години, вклучително и во филмовите како „Пет Гарет и Били Кид “ и „Млади пиштоли“.

Пиштолот потекнува од колекцијата на еден брачен пар од Тексас, Џим и Тереза ​​Ерл, кои биле колекционери на западно огнено оружје и други артефакти околу 50 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот