Револуција во фудбалот, Шкотска забрани играње со глава на деца помлади од 12 години

твитер

Фудбалската федерација на Шкотска донесе револуционерно правило кое е наменето за фудбалерите помлади од 12 години. Челниците на Федерацијата одлучија да забранат играње со глава за време на тренинзите и тоа правило ќе важи за сите деца помлади од 12 години.

Новото правило ќе стапи веднаш на сила, откако деталните истражувања на Универзитетот во Газгов докажаа дека има поврзаност помеѓу овој елемент од фудбалската игра и деменцијата.

Федерацијата размислува ова правило да го воведе во целиот младински фудбал во Шкотска, поточно да забрани играње со глава на фудбалери до 17 години, но тоа правило би се применувало од наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот