РЕВОЛУЦИЈА: ФИФА дозволи да се тестираат пет нови правила

твитер

Фудбалската федерација на Холандија со дозвола од ФИФА, во наредните години на натреварувањата под нејзина ингеренција ќе експериментира со пет нови правила.

Доколку експериментот се покаже како успешен, некои од новите правила ќе бидат воведени глобално.

Оваа одлука е донесена на состанокот кој се одржа во Амстердам на почеток од неделата и на кој освен претставници на холандската фудбалска федерација и ФИФА, биде присутни и членови од федерациите на САД, Германија, Англија и Белгија.

Новите правила со кои ќе се експериментира наредните години во Холандија се:
– Изведување на аут со нога
– Додавање на самиот себе од слободен удар
– Исклучување на фудбалери на неколку минути
– Неограничен број на замени
– Ќе се стопира времето кога играта ќе биде во прекин.

Планот на членовите на Холандската федерација е експериментот да стартува во младите категории, потоа во аматерскиот фудбал, и потоа преку Куп натпреварувањето, новите правила да пристигнат и во Ередивизија, првата холандска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот