Рестриктивните мерки ја зголемија стапката на невработеност во Еврозоната

Стапката на невработеност во пошироката Европска унија исто така се зголеми за 0,1 процентни поени на 6,7 отсто во мај.

Бирото за статистика на Европската унија, Евростат, денеска соопшти дека невработеноста во 19-члената евро-зона се зголемила на 7,4 отсто во мај – од 7,3 отсто во април односно за 0,1 процентен поен.

Стапката на невработеност во пошироката Европска унија исто така се зголеми за 0,1 процентни поени на 6,7 отсто во мај.

„Рестриктивните мерки поради Ковид-19, што се применуваат од март 2020 година, предизвикаа нагло зголемување на бројот на побарувања за бенефиции за невработеност ширум ЕУ”, се вели во соопштението на Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот