Фото: EPA/JESSICA KOSCIELNIAK / POOL

Републиканците го „спасија“ Трамп, го одложија гласањето што можеше да ја запре војната со Иран

Републиканците вчера имаа тешкотии да обезбедат доволно гласови за да ја отфрлат легислативата што би го принудила претседателот Доналд Трамп да се повлече од војната со Иран, па планираните гласања за ова прашање беа одложени за јуни, објави НПР.

Претставничкиот дом имаше закажано гласање за резолуција за воени овластувања, предложена од демократите, со која би се ограничила воената кампања на Трамп. Но, откако стана јасно дека републиканците нема да имаат доволно гласови за да го поразат предлогот, лидерите на Републиканската партија одлучија да не го стават на гласање. Тоа беше најнов знак дека во Конгресот слабее поддршката за војната што Трамп ја започна пред повеќе од два месеца без одобрение од Конгресот.

— Без сомнение ги имавме гласовите и тие го знаеја тоа. Затоа играат политичка игра — изјави демократскиот конгресмен Грегори Микс, кој е предлагач на законот.

Трамп и Нетанјаху имале напнат разговор за Иран

Републиканците во Сенатот, исто така, работат на тоа да обезбедат доволно гласови за да отфрлат друга резолуција за воени овластувања, која претходно оваа недела стигна до финално гласање, откако четворица републикански сенатори ја поддржаа резолуцијата, а тројца други беа отсутни.

Потезите на конгресните лидери покажаа дека републиканците сè потешко ја одржуваат политичката поддршка за начинот на кој Трамп ја води војната. Обичните републикански пратеници сè почесто се подготвени да му се спротивстават на претседателот околу конфликтот.

Лидерот на републиканците во Претставничкиот дом, Стив Скалис, им рече на новинарите дека гласањето било одложено за да им се даде можност да гласаат на пратениците кои биле отсутни. Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, не одговори на новинарски прашања додека излегуваше од салата.

Во Конгресот расте отпорот кон војната со Иран, додека кризата во Ормускиот Теснец ја нарушува трговијата и ги крева цените на горивото.

Демократите тврдат дека имаат доволно гласови за резолуција што би го ограничила Трамп, а дел од републиканците се подготвени да ја поддржат, повикувајќи се на истечениот рок од 60 дена според Законот за воени овластувања.

Белата куќа смета дека обврските повеќе не важат поради примирјето, но Трамп повторно се заканува со напад.

Спорот може да прерасне во правна битка меѓу Конгресот и претседателот.

Иран сака да ја прошири контролата врз Ормускиот Теснец — планира да влезе во териториите на Оман и на Емиратите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот